Поради името, грчките едриличари не дојдоа на Балканијадата во Охрид

Охридско Езеро.

Грчките спортисти не допатуваа на 46. Балканско првенство во едрење кое деновиве се одржува во Охрид. Уставното име на Македонија е причина зошто не се појавија во Охрид, каде се присутни повеќе од 200 млади едриличари од сите балкански држави.
Грчките спортисти поради политика не допатуваа на 46. Балканско првенство во едрење кое деновиве се одржува во Охрид. Уставното име на Македонија е причина зошто не се појавија во Охрид, каде се присутни повеќе од 200 млади едриличари од сите балкански држави. Претседателот на Едриличарската федерација на Македонија Стефан Ставрев објаснува дека Грците побарале како организатор на Балканијадата да стои ФИРОМ, а не Македонија.
Грција не дојде. Нивната држава ги диктира сите услови. Точно е дека Министерството за надворешни работи имаше дадено упатство, дека ако сакаме да дојдат Грците на првенството, треба во сите документи нашето име како организатори да биде поранешна југословенска Република Македонија. На тоа ние во консултација со нашето Министерство за надворешни работи одговоривме дека како организатори можеме да си го користиме нашето уставно име бидејќи ние сме Едриличарска федерација на Република Македонија. Ние тие услови не ги прифативме.
Стефан Ставрев, претседател на Едриличарската федерација на Македонија.

„Грција не дојде. Нивната држава ги диктира сите услови. Точно е дека Министерството за надворешни работи имаше дадено упатство, дека ако сакаме да дојдат Грците на првенството, треба во сите документи нашето име како организатори да биде поранешна југословенска Република Македонија. На тоа ние во консултација со нашето Министерство за надворешни работи одговоривме дека како организатори можеме да си го користиме нашето уставно име бидејќи ние сме Едриличарска федерација на Република Македонија. Ние тие услови не ги прифативме“, рече Ставрев.

Ставрев вели дека во Меѓународната едриличарска федерација Македонија е членка под кодот МКД.

Грчките спортисти не учествуваа ниту на Меѓународната регата во кајак кану на мирни води што на 8 Септември по повод Денот на независноста на Македонија се одржува секоја година во Охрид. Тие во последен момент го откажале учеството, рече Раде Попоски, претседател на Кајак кану клубот Стрмец од Охрид.

„Ги поканивме за да се дружиме, да спортуваме заедно. Од кои причини го откажаа учеството не знам. Уредно беа поканети Грците. На три пати бевме во контакт со нив и за нивниот престој во Охрид. Сакаа да дојдат, но не знам зошто не доаѓаат. Грците од клубот во Атина треба да го видат Охрид да видат каков град имаме и тоа им го рековме, дека затоа треба да дојдат“, рече Раде Попоски, претседател на кајак кану клубот Стрмец од Охрид.

Претседателот на Едриличарската федерација на Македонија, Ставрев, ја повикува државата многу повеќе да инвестира во овие спортови кои биле целосно заборавени.

„Најдобрата работа што би ја направиле и владата и институциите и сите други фактори е да го помогнат спортот. Особено овие спортови кои се ставени на маргините, и со многу мали финансиски средства успеваме да ги одржиме овие спортови. Едрењето како спорт за развој во Црна Гора на годишно ниво добива 80.000 евра, а ние добиваме само 2.500 евра“, вели Ставрев.