Олимписките игри во 2020 ќе се одржат во Токио

Меѓународниот олимписки комитет одлучи олимписките игри во 2020 година да се одржат во Токио. Главниот град на Јапонија беше избран пред Истамбул на гласањето на состанокот на Комитетот во Буенос Аирес. Токио беше избран и покрај загриженоста за радиоактивното зрачење кое настана во нуклеарната централа во Фукушима, откако објектот беше оштетен во цунамито во 2011 година.