Самсунг го претстави „смарт часовникот“

Самсунг во Берлин претстави дигитален рачен часовник, таканаречен „смарт“ или „паметен“ кој ќе биде додаток на паметните телефони и на чиј екран ќе бидат пренесувани повиците и пораките. Корисниците ќе можат и да разговараат без да го употребуваат нивниот телефон, но и да сликаат. Претставувањето на Samsung Gear дојде на неколку недели пред очекуваниот сличен производ на ривалскиот Apple. Според експертите, токму паметните часовници ќе бидат најпосакуваните подароци за престојните Божиќни празници.