Ахмети во официјална посета на Грција

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска во Атина ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос. Ахмети ќе го придружува вицепремиерот Муса Џафери и шефот на Кабинетот на Ахмети, Артан Груби.
Како што информираат од ДУИ, оваа средба е продолжување на интензивната кампања на лидерот на ДУИ за интеграција на нашата земја во НАТО и ЕУ. Нашите активностите за помагање на интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ ќе пордолжат и во дрги земји-пријатели, кои сакаат да помогнат во процесот на зачленување во евроатланските структури, се вели во соопштението на ДУИ.