Вебсајтот на Њујорк Тајмс не работеше неколку часови поради хакерски напад

Веб сајотот на дневниот весник Њујорк тајмс неколку часови не работеше во вторникот поради хакерски напад Ова е втор ваков напад овој месец. Хакерската група која себе се нарекува Сиријска електронска војска, ја презеде одговорноста за нападот. Проблеми имаше и вебсајтот на Твитер.Њујорк Тајмс наведе дека неколку минути по нападот, поставиле алтернативен веб сајт на кој постирале стории за хемиските напади во Сирија.