Амнести интернешнал ја критикува мисијата на УНМИК во Косово

Амнести интернешанел го критикуваше неуспехот на мисијата на ОН во Косово (УНМИК) да ја истражи судбината на цивилите, главно етнички Срби, кои исчезнаа по конфликтот со Србија во деведесеттите години. Во новиот извештај објавен денеска, Сиан Џонс, експерт на Амнести интернешнал за Косово, изјави дека наводниот неуспех на УНМИК да дејствува, придонел за климата на неказнивост која преовладува во Косово.
Во извештајот, Амнести наведува дека се поднесени околу 150 жалби до УНМИК од страна на роднините на исчезнатите, претежно етнички Срби,кои ја обвинуваат мисијата на ОН дека не го истражила исчезнувањето на роднините. Иако извештајот се фокусира на киднапирањата на косовските Срби, наводно од страна на етничките Албанци- сепаратистичките бунтовници на Ослободителната војска на Косово ОВК, Амнести исто така го истакнува неуспехот да се испитаат наводните киднапирања на етничките Албанци и од страна на српските сили.