ОН бараат истрага за хемискиот напад во Сирија

Жртва на наводен хемиски напад во Дамаск

Советот за безбедност на ОН побара појаснување за наводната употреба на хемиско оружје во Сирија. На итниот состанок зад затворени врати членовите на советот го поддржаа спроведувањето на непристрасна и брза истрага за инцидентот, но без да прецизираат дали истрагата треба да биде извршена од страна на експерти на ОН во Сирија.
Според извештајот, Русија и Кина биле против истрагата. Сириските опозициски активисти соопштија дека во нападот во Дамаск загинале повеќе од 1300 лица.