Убиени 24-ца египетски полицајци во Синај

Најмалку 24-ца египетски полицајци биле убиени денеска при напад во близина на Рафа, на Синајскиот Полусотров. Милитантите ги зачестија нападите врз египетските безбедносни сили во тој регион, особено по соборувањето на исламистичкиот претседател Мухамед Морси. Инаку, во Египет и натаму е тензично, а во судирите во минатата недела мешу подржувачите на Морси и безбедносните сили, загинале над 800 луѓе.