Кличко за претседател на Украина?

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Украинскиот боксер во тешка категорија и опозициски политичар Виталиј Кличко изјави дека би можело да се кандидира за претседател на Украина на изборите во 2015. Кличко кој е пратеник во украинскиот парламент ова го изјави на прес-конференција во Мексико Сити. Тој е првиот кој ја најави можноста да му биде противкандидат на претседателот Виктор Јанукович, кој се очекува повторно да се кандидира за таа функција.