Белград и Приштина за локалните избори на Косово

Премиерите на Србија и Косово Ивица Дачиќ и Хашим Тачи на вчерашните разговори во Брисел со првиот дипломат на ЕУ Кетрин Ештон најавија дека ќе се ангаираат во подготовката на локалните избори закажани во ноември на целата територија на Косово. „Двајцата лидери ја разгледаа подготовката на локалните избори на 3 ноември и се договорија да направат се што е можно изборите да протечат во најдобри услови“, наведува Ештон во кусото коминике во кое додава дека работата во идните недели ќе продолжи со ист интензитет.