Неколкумина повредени на парадата на гордоста во Црна Гора

Неколку учесници во Парадата на гордоста во Будва се повредени во немирите кои настанаа кон почетокот на настанот и траеа во текот на маршот. Станува збор за прв јавен настан на ЛГБТ лицата во Црна Гора. Противниците на Парадата фрлаа со камења, чаши и шишиња кон учесниците во поворката а полицијата употреби димна бомба за да ги растерта напаѓачите, кои продолжија да фрлаат различни предмети кон полицајците. Пред почетокот на Парада на гордоста дојде до судир меѓу полицијата и противниците на овој настан, при што полицајците употребија пендреци, а учесниците во протестот фрлаа со камења. Поради судирите полицијата одлучи поворката да се одржи по скратена маршрута, а во нејзиното обезбедување учествуваа повеќе од 400 полицајци, меѓу кои и припадници на специјалните единици.