Два авиона МИГ на бродот за Северна Кореа

Панама соопшти дека на бродот кој од Куба пловел за Северна Кореа биле откриени два авиона од типот МИГ21, од советска ера и два радарски противракетни система. Претседателот на Панама Рикардо Мартинели прецизира дека на бродот не биле пронајдени експлозивни материјали. Бродот беше запрен во минатата недела, а Куба соопшти дека во него имало застарено оружје кое требало да биде поправено во Северна Кореа.