Попоски: Нема двојна дипломатија во Македонија

„Не би рекол дека се води двојна политика бидејќи целта е иста“, изјави Попоски

Нема двојна дипломатија во Република Македонија, бидејќи постои консензус меѓу сите политички субјекти за стратешките цели на земјата - членството во НАТО и ЕУ, оценува министерот за надворешни работи Никола Попоски во врска со посетите на лидерот на ДУИ Али Ахмети од кои последната во Софија. Запрашан за тоа дали има разидувања со ДУИ во однос на Владината политика за името и несоопштување детали за тој процес, министерот вели: „Официјална позиција на РМ е дека имаме процес во кој имае медијатор од ОН и процес кој е дефиниран со правилата од Времената спогодна и начинот на кој се води тој дијалог под медијаторство на амбасадорот Нимиц. Во тие рамки немаме повеќе да коментираме освен фактот дека сме целосно посветени, сакаме надминување на проблемот, сакаме решение со Република Грција“.