Италија и Франција не му дадоа азил на Сноуден

Поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност Едвард Сноуден.

Француските и италијанските власти соопштија дека го одбиле барањето за политички азил на поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност Едвард Сноуден по кого САД имаат распишано потерница за шпионажа. Во соопштението од францускиот министер за внатрешни работи Мануел Валс се наведува дека барањето било одбиено „со оглед на правната анализа на ситуацијата“. Италијанската министерка за надворешни работи Ема Бонино соопшти дека барањето за азил од Сноуден пристигнало пред два дена по факс, но оти секој што бара азил мора тоа да го направи лично. Сноуден ги објави информациите за тајните американски програми за надзор во светот со што предизвика огромен скандал. Се верува дека Сноуден е во транзит делот на московскиот аеродром Шереметјево.