Премиера на „Оливер Твист“ на Јаниќиевиќ

Театарската претстава Оливер Твист во режија на Срѓан Јаначиевиќ.

Како трета премиера во изминативе шест месеци, Тетарот за деца и младинци, во рамките на Скопско лето, ќе ја изведе оперетата „Оливер Твист“ од Чарлс Дикенс според либрето и режија на Срѓан Јаниќиевиќ.
По цела една декада од регионално наградуваната „Зрното грашок и принцезата“, Срѓан Јаниќиевиќ се враќа на сцената на Театарот за деца и младинци со свое видување на една од најпознатите социјални приказни во која на потресен и на реален начин е прикажана судбината на едно од сирачињата на лондонските улици во втората половина на 19 век кога Англија била најголемата колонијална сила. Меѓутоа, режисерот имајќи ги на ум неброените филмски, телевизиски и театарски адаптации, како и мошне успешниот мјузикл од 1968 година, решава класикот „Оливер Твист“, вториот роман на Чарлс Дикенс и прв на англиски јазик чиј главен протагонист е дете, на нашата млада публика да и го претстави како оперета.
Оливер Твист е исклучително комплексно дело со над 60-тина ликови, со комплицирана структура на прикаската, моќно, со силен емотивен набој и со многу жесток однос кон неправдите во општеството во тоа време. За жал и по безмалку 200 години ги гледаме истите или сличните ситуации и денес и мислам дека една од причините зошто го поставуваме ова дело е токму тоа.
Срѓан Јаниќиевиќ.

Тој истакнува дека по прв пат пишува во стих, процес кој и колку да бил забавен толку бил и напорен и тежок, но моќта на стихот, му дозволила во нешто повеќе од еден час да може да ја пренесе целата структура на приказната и сето тоа биде јасно и ефектно.

Режисерот Срѓан Јаначиевиќ.


„Оливер Твист е исклучително комплексно дело со над 60-тина ликови, со комплицирана структура на прикаската, моќно, со силен емотивен набој и со многу жесток однос кон неправдите во општеството во тоа време. За жал и по безмалку 200 години ги гледаме истите или сличните ситуации и денес и мислам дека една од причините зошто го поставуваме ова дело е токму тоа.“

Јаниќиевиќ дополнува дека нему лично „Оливер Твист“ му има извршено многу големо влијание уште како дете и на ниво на некои етички вертикали што и ден денес ги има и на ниво на естетска структура, зошто како што ќе рече, целиот тој викторијански период како на уметник му е особено драг. Дури оди до таму што потенцира дека токму поради таквиот негов однос кон проектот, ова е
Ова е нешто што досега сме го немале како претстава, сме го немале како жанр и доколку сака нашата стандардна публика да не види во едно поинакво светло во кое што досега не нè видела, „Оливер Твист“ е вистинската прилика за тоа.
Драган Довлев, директор на Театарот за деца и младинци.
најверојатно најдобрата претстава што ја направил досега и дека процесот на работа им поминал како во еден здив.

Насловната улога во оперетата ја толкува младиот Бојан Кирковски, а покрај него играат и Изабела Новотни, Наташа Петровиќ, Симона Спировски, Владимир Лазовски, Драган Довлев, Мики Анчевски, Мартин Јордановски и Ненад Митевски – осумте актери кои што ќе треба да оживеат вкупно 26 ликови колку што има во овој несекојдневен проект. Автор на музиката за оперетата е Игор Василев, кој неодамна соработуваше со Јаниќиевиќ и

Театарската претстава Оливер Твист во режија на Срѓан Јаначиевиќ.

при подготовката на куклената претстава-мјузикл „Малиот принц“ во Турскиот театар во Скопје.

„Користам манири од стари композитори во класичната музика, исто така во модерната музика - од минималистите, но и од поп културата, што мислам дека е важно како информација да го имаат новите генерации публика.“

Сценографијата и костимите се на Кирил Василев (кого мнозина го сметаат за вистински „волшебник“ во овој домен), а актерот и директор на Театарот за деца и младинци Драган Довлев, забележува дека идејата за овој проект не е нова и дека била заокружена со ланското одбележување на 200-годишнината од раѓањето на Чарлс Дикенс. Тој потенцира дека претставата е за децата над 10 години, за оние кои израснале со претставите во овој театар и дека нејзиното поставување е убава авантура која оди во прилог на насушната потреба за развивање на младинската сцена.

„Ова е нешто што досега сме го немале како претстава, сме го немале како жанр и доколку сака нашата стандардна публика да не види во едно поинакво светло во кое што досега не нè видела, „Оливер Твист“ е вистинската прилика за тоа.“

Со оваа оперета Театарот ја заокружува трилогијата премиери на лектирни изданија во која што се и „Грдото пајче“ во режија на Дејан Дамјановски ( декември 2012) и „Пипи - Долгиот чорап“ на Драгана Милошевска Попов, а од септември до крајот на тековната година планирано е да бидат поставени уште две нови претстави – младинската „Нашиот клас“ од Тадеуш Слобоѕијанек во режија на Владимир Милчин и домашната „Бајка за царот Нај“ на Снежана Иљоска – Наумовска што како режисер треба да ја потпише Коле Ангеловски.

Инаку, театарот за деца и младинци, по едногодишна пауза, на 6 јули, со „Пипи – Долгиот чорап“ патува на фестивал во Котор, а по изведбата и во Херцег Нови и потоа на културните манифестации „Три круши“ и во Велес, полусезоната ќе ја заврши со 108 претстави со што наново јуриша на минатогодишниот рекорд.