На состанокот на АСЕАН средба меѓу Кери и Лавров

архива

Американскиот државен секретар Џон Кери и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров се состанаа на маргините на состанокот на АСЕАН во Брунеи.
Се очекуваа разговори за Сирија и за случајот Едвард Сноуден но како што изјави Лавров, за Сноуден не е разговарано, бидејки претседателот Путин претходно се кажал за тој случај.
Вчера рускиот претседател Владимир Путин изјави дека поранешниот соработник на американските тајни служби би можел да остане во Русија, но само ако ги прекине активностите кои се штетни за САД.
Сноуден се бара од страна на Соединетите Држави за објавување и откривање на документи за тајни американски програми за надзор.