Сноуден го обвини Обама за притисок

Поранешниот соработник на американските тајни служби Едвард Сноуден кој е во бегство објави соопштение преку Викиликс во кое го обвини претседателот Барак Обама за притисок врз земјите со цел да ги негираат неговите барања за азил. Сноуден се бара од страна на Соединетите Држави за објавување и откривање на документи за тајни американски програми за надзор. Се верува дека во моментот се крие во транзитниот простор на аеродромот во Москва.
Вчера рускиот претседател Владимир Путин изјави Сноуден би можел да остане во Русија, но само ако ги прекине активностите кои се штетни за САД. Путин, исто така, ја отфрли можноста за екстрадицијата на Сноуден во Соединетите Држави. Обама изјави дека неговата администрација е во преговори со Русија во врска Сноуден и изрази надеж дека Москва ќе го испрати назад.
Во меѓувреме, европските лидери побараа одговори од Вашингтон по европски медиуми изјави дека САД ги шпионирале институциите на ЕУ во САД и Брисел како и 38 амбасади.