Путин: Сноуден може да остане во Русија под еден услов

Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека поранешниот соработник на американските тајни служби Едвард Сноуден може да остане во Русија под еден услов. „Тој мора да ги прекине активностите насочени кон повредување на нашите американски партнери“ рече рускиот претседател, демантирајки дека Американецот соработува со руски разузнавачи. Путин изјави дека нема намера да им го предаде Сноуден на американските власти. „Русија никогаш не предава никој на никого“ рече претседателот.Едвард Сноуден се соочува со обвинувања за шпионажа во Соединетите американски држави. Се верува дека тој се уште се наоѓа во транзит зоната на аеродромот во Москва, каде пристигна на 23-ти минатиот месец.