Во Белград ќе биде подигнат споменик на Зоран Ѓинѓиќ

Во Белград ќе биде подигнат споменик на поранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ и поставувањето ќе биде финансирано од градскиот буџет, беше одлучено на седница на градскиот совет во Белград. Со одлуката не е прецизирано местото и времето кога ќе биде подигнат споменик.Зоран Ѓинѓиќ, прв демократски избран премиер на Србија по симувањето од власт на Слободан Милошевиќ беше убиен на 12 март 2003 годинака.