Стотици антивладини демонстранти минатата ноќ беа ранети откако турската полиција употреби прекумерна сила за да ги истера од паркот Гези во Истанбул, соопшти денеска групата што ги организираше протестните активности - движењето „Солидарност за Таксим“, пренесе ДПА.Полицијата од паркот избрка над 10.000 демонстранти, во акција што почна синоќа, а во која употреби водени топови и солзавец. Сведоци на настанот тврдат дека неколку стотици полицајци упаднале во кампот од шатори на демонстрантите во Гези на плоштадот Таксим.