Илјадници жители на Турција излегоа на протести низ улиците на Истамбул откако полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера насобраните во паркот Гези во центарот на главниот град. Демонстрантите се заложија за продолжување на кампањата против премиерот Реџеп Таип Ердоган.