7 години затвор за Карлос Менем

Карлос Менем, архива

Поранешниот претседател на Аргентина Карлос Менем е осуден на 7 години затвор за шверц на оружје во Еквадор и во Хрватска во 90-тите години, со што го прекршил и ембаргото на Обединетите Нации. Судот во Буенос Аирес поара 82-годишниот Менем веднаш да започне со отслужување на казната, но тој моментално е сенатор, па парламентот претходно мора да му го укине имунитетот.