Ердоган: Со демонстрациите се нарушува имиџот на Турција

Анкара, 11.06.2013

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека демонстрациите што почнаа пред две недели во Истанбул, сега биле предводени од луѓе со деструктивни политички агенди. Во обраќањето пред пратениците во Анкара, Ердоган оцени дека на дело е обид за нарушување на имиџот на Турција. Ердоган утре треба да има средба со делегација на демонстрантите, но додаде дека оние со легитимни барања не треба да дозволат да бидат манупулирани од оние што сакаат нарушување на турската економија. Инаку, денеска турската полиција ги растеруваше демонстрантите од Таксим со употреба на солзавец, шок бомби и водени топови.