Турската полиција ги отстранува барикадите во Таксим

Стотици турски специјалци изутрината почнале да ги отстрануваат барикадите на истанбулскиот плоштад Таксим кој во изминативе десетина дена е место на протести против владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Притоа полицијата употребила водени топови против демонстрантите кои фрлале молотови коктели и петарди. Има извештаи дека полицијата употребила и солзавец. Протестите избувнаа на 31 мај поради насилното растурање на демонстрациите против проектот за градење во паркот Гези на плоштадот Таксим.