Собранието го донесе законот за абортус

Собранието на Македонија денеска го донесе по скратена постапка Законот за прекин на бременоста. Невладиниот сектор негодуваше а пратениците на опозицоната СДСМ денеска не учествуваа во расправата по законите за прекинување на бременост и за продажба на државно земјоделско земјиште и поради тоа што, како што рекоа, тие не се во интерес на македонските граѓани.