Времето денеска во претпладните часови ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 26 до 34 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 31 степен.