Северна и Јужна Кореја ќе седнат на преговарачка маса

По неколку месеци на влошени односи, Северна и Јужна Кореја се согласија во принцип да седнат на преговарачка маса.
Пјонгјанг соопшти дека сака да разговара за повторно отворање на заедничкиот фабрички комплекс Кеасонг кој беше затворен поради тензиите.
Според медиумите, Пјонгјанг бил готов да разговара и за соединување на разделените земејства од двете страни на границата.
Причина за тензиите беше лансирањето на северно корејскиот сателит во Декември и нуклеарните тестови во Февруари.