Расправа и протести за законот за абортус

Неколку граѓански асоцијации протестираа пред Собранието против ограничувањето на правото на абортус. Протестот се одржа под мотото „Не за предлог-законот за прекин на бременоста“. Протест, абортус.

Собраниската Комисија за здравство денеска ќе одржи јавна расправа по Предлог законот за прекинување на бременост. Дел до невладините организации кои сметаат дека овој закон само ќе ги ограничи жените во слободно донесување на својата одлука за прекинување на бременоста, најавија протест пред Собрание. Тие сакаат да испратат јасната порака до Собранието да не дискутира за овој закон, како и до Министерството за здравство, како предлагач, да го повлече законот.