ОБСЕ: притворот на македoнскиот новинар прекумерна мерка

Затворањето новинар во Скопје поради текст објавен пред неколку години има негативно влијание врз слободата на медиумите, изјави денеска преставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ.
Дури и кога има прашања од доверлив карактер или станува збор за заштита на сведоци, притворот на новинарите е "Прекумерно".

"На новинарите мора да биде дозволено да вршат истражувачка работа за прашања од јавен интерес и да бидат ослободени од заканата од затвор и без да бидат принудени да ги откријат своите извори. ", изјави Мијатовиќ.

Томислав Кежаровски е новинар на Нова Македонија, и доби 30 дена притвор за статија што ја напиша во 2008 година во која тој го откри идентитетот на сведок во случајот на убиство.