Талибанците во Северен Вазиристан си избраа нов заменик лидер

Пакистанските талибанци избрале нов заменик - лидер на местото на Вали-ур Реман, кој беше убиен вчера во напад со американско беспилотно летало.
Според талибанските извори, на кои се повикува Радио Maшал за втор човек е избран Кан Сајед долгогодишен заменик на Реман, кој беше убиен во Северен Вазиристан. За 38 годишниот Сајед се верува дека бил инволвирани во нападот врз пакистанската поморска база во Карачи во 2011.