Уапсени 100 луѓе на анти-геј протестите во Париз

Околку 100 луѓе се приведени во Париз по судирите меѓу полицијата и демонстрантите кои вчера излегоа на протести против законот со кои се одобруваат истополови бракови. Полицијата соопшти дека дека на протестот учествувале околку 150 илјади демонстранти.
Организатор на настанот беше група која себе си се дефинира како застапник на традиционалните вредности. Протестите започнаа мирно, но екстремистички десничарски активисти предизвика инциденти со полијата при што таа употреби солзавец за да ја растера толпата.
Демонстрантите бараа повлекување на законот кој беше изгласан на 18 мај со кој се дозволува истополови бракови и посвојување на деца. Тие бараа и францускиот претседал Франсоа Оланд да се откаже од функцијата. Поради напнатата атмосфера за безбедноста на протестите беа ангажирани 4 500 полицајци. Франција сега е деветта земја во Европа и 14-та на глобално ниво, која ги легализира хомосексуалните бракови.