Илина Арсова, првата Македонка на Монт Еверест

илустрација

Триесетгодишната Илина Арсова е првата жена Македонка која го развиори македонското знаме на Монт Еверест. Искачувањето на овој врв од жени е реткост, а овој нејзин подвиг е документиран од филмска екипа. Таа е првата жена од Македонија која во минатата година се искачи и на Матерхорн. Арсова која е ликовен уметник за искачувањето на Монт Еверест се подготвуваше подолго време, но експедицијата „Прва македонка на Монт Еверест” три години се одложуваше заради недостиг од финансиски средства.