Скопје - Протести против екстерното тестирање

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Под мотото "Заедно да се избориме против екстерното тестирање" голем број основци и средношколци протестираа низ улиците на Скопје. Протестниот марш почна пред спомен куќата на Мајка Тереза, а продолжи пред Министерството за Образование. Учениците бараат да се укине екстерното тестирање, зашто според нив тоа не е најдобриот начин за оценување на нивното знаење и довивање реална оценка за вложениот труд.