4 лица уапсени во Грузија за насилство врз геј активисти

4 лица биле уапсени во Грузија во врска со насилствата во минатата недела за време на демонстрациите на геј активистите во Тбилиси. Грузијскиот министерство за внатрешни работи соопшти дека 4-ца се обвинети за хулиганизам и за спротиставување на полицијата. Во минатата недела во Тбилиси околу илјада анти-геј активисти нападнаа десетици луѓе кои сакаа да го одбележат Меѓународниот денпротив хомофобијата. Полицијата успеа да ги извлече геј активистите, а најмалку 17 лица беа повредени.