Конференција на Воениот комитет на НАТО во Брисел

Денеска во Брисел ќе се одржи конференција на Воениот комитет на НАТО. На настанот ќе присуствуваат началници на генералштабови на земјите членки на алијансата. Мисијата ИСАФ во Авганистан ќе биде во фокусот на средбата а ќе се разговара и за регионалната безбедност на блискиот исток. На настанот ќе присуствува и началникот на генералштабот на АРМ генерал мајор Горанчо Котески.