Министрите од земјите на еврозоната одоброја нова транша финансиска помош за Грција во вредност од 7,5 милијарди евра откако Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд дадоа позитивна оценка за грчката економија. На сметките во Атина деновиве ќе легне првиот дел од помошта во износ од 4,2 милијарди евра а остатокот ќе биде уплатен следниот месец по исполнување на дополнителните услови.