Пронајдена жива жена во урнатата зграда во Дака

Една жена била пронајдена жива во урантините на зградата во Дака, Бангладеж, по повеќе од две недели по несреќата. Таа веднаш била пренесена во болница. Досега од под урнатините беа извлечени телата на над 1000 настрадани и се претпоставуваше дека веќе нема шанси да се пронајде некој жив. Зградата се урна на 24-ти април, а вое неа имало неколку текстилни фабрики и илјадници работници.