Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими по средбата со грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос изрази надеж дека двете земји имаат капацитет и храброст, што е можно побрзо да ги надминат сите предизвици и да најдат заемно прифатливо решение за спорот со името. Бесими порача дека во Грција видел добра волја, надеж, пријателство и искрен пристап кон европската перспектива за што побрзо да ја исполнат заедничката цел. Аврамопулос изјави дека Грција во преговорите за името е искрена. Тој порача дека е убеден оти решавањето на прашањето ќе ослободи големи перспективи за соработка, која ќе биде од корист за двата народа, но и за целиот регион.Според него, важно е додека траат преговорите под покривитество на ОН да преовладува умереност и воздржаност.
Бесими-што побрзо решение за спорот со името
Вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Фатмир Бесими