Кери во Москва се состана со активисти за човекови права

Државниот секретар Џон Кери во американската амбасада во Москва се состана со водечките активисти за човекови права во Русија поради загриженоста за притисоците врз граѓанскиот сектор.
Меѓу присутните беше и претседателот на московскиот Хелиншки Комитет Људмила Алексеева.
Во изминативе недели руските власти започнаа истраги во невладините организации во врска со контроверзниот закон со кој се бара тие да се декларираат како „странски агентури“ доколку добиваат средства од странство. Кери во Москва вчера се состана со претседателот Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.