Орав-договорот од 1 март да се имплементира

Евроамбасадорот Аиво Орав

Македонија треба да напредува во рамки на евроинтеграциите, а една од приоритетните задачи е целосно имплементирање на договорот од 1 март, изјави денеска евроамбасадорот Аиво Орав на новинарско прашање за еврооптимизмот кај владиниот коалициски партнер ДУИ. Според него, пролетниот извештај, бил позитивен, но содржел и бројни забелешки кои исто така треба да бидат адресирани што е можно побрзо.
Тој по промоцијата на иницијативата „Младите за Европа“ порача дека се уште не е комплетирана Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември и не е потпишан меморандум за разбирање меѓу партиите.