Турски конзорциум ќе гради најголем аеродром во државата

Конзорциум од пет турски компании победи на тендер за изградба и управување со трет аеродром во Истанбул што ќе биде меѓу најголемите во светот.

Партнерство предложија градежните компании Лимак, Колин, Ченгиз, Мапа и Кајлон и победија на тендер на кој предложиле 22,1 милијарда евра за 25-годишна концесија.

Владата тврди дека аеродромот ќе може да опслужу околу 150 милиони патници годишно и ќе го направи 15-милиониот Истанбул важен регионален центар.