Аврамопулос: Македонија не напредува

Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос со американскиот државен секретар Џон Кери во Брисел.

Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос на вчерашната средба со американскиот државен секретар Џон Кери во Брисел, како што пишува весникот „Та Неа“, рекол дека Атина сакала решение за името, но оти недостасувал напредок на реформите во Македонија. Според „Ризоспастис“ пак, на средбата било разговарано и за прашањето за името, врз основа на новиот предлог на медијаторот Метју Нимиц.