ВМРО ДПМНЕ ќе гради ново седиште на партијата

Ново партиско седиште ќе гради ВМРО ДПМНЕ на улицата.„Македонија 17а“. Според соопштението на партијата, целиот процес за изградба на партиското седиште е транспарентен и во согласност со законските нормативи. За изградба на своето седиште од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека нема никакви трошоци, а со реализација на тој проект ќе обезбеди работа на градежни компании.
Приватен инвеститор ќе гради на земјиштето кое е во сопственост на ВМРО-ДПМНЕ за свои комерцијални цели, а за возврат треба да отстапи најмалку 30 проценти од изградена површина на партијата. .