Чеченските бунтовници негираат вмешаност во нападот во Бостон

Лидерот на чеченските бунтовници Доку Умаров

Лидерот на чеченското движење Кавказ Емират Доку Умаров негираше дека тие имаат никаква врска со бомбашкиот напад на бостонскиот маратон на 15 април. Според соопштението објавено на веб страната кавказцентар.ком тие не се борат против САД и наведуваат дека Умаров и во Русија забранил напади против цивили.