МОСТ-прекин на гласањето во Долнени

Граѓанската асоцијација МОСТ соопшти дека нивните набљудувачи забележале прекин на гласањето од 20 минути на гласачко место 1490 во општина Долнени. Според соопштението, болно и изнемоштено лице дошло да гласа со придружба, по што реагирал партиски набљудувач и не дозволувал лицето да гласа на тој начин.
Од МОСТ информираа дека иако избирачкиот одбор рекол дека се е во ред, набљудувачот продолжил да се расправа со нив по што била повикана полиција. Во општина Центар бил забележан расфрлан пропаганден материјал со дезинформации за денот на одржувањето на изборите.