Узбекистански писател ослободен по14 години затвор

Мамадали Махмудов.

Узбекистанскиот писател, 72-годишниот Мамадали Махмудов е ослободен откако помина 14 години во затвор. Неговата сопруга Гулсара Махмудова изјави дека нејзиниот сопруг бил ослободен синоќа, сега е во нивниот дом во Ташкент и оти се чувствува уморно. Казната од 14 години затвор на Махмудов му заврши во февруари, но тој од работничкиот логор, наместо на слобода, беше префрлен во притвор во Ташкент. Неговата сопруга минатиот месец рече дека тој се соочува со продолжување на затворот поради наводно кршење на затворските правила. Махмудов е познат писател и на него своевремено се гледаше како не сериозен противкандидат на претседателот Ислам Каримов. Тој сакаше да се кандидира на претседателските избори во 1991 година, но неговата кандидатура беше одбиена. Махмудов беше осуден во 1999 година за наводна вмешаност во планирање атентат врз претседателот Каримов.