ЕП ја усвои резолуцијата за Македонија

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент денеска со 38 гласа за и 13 против ја усвои Резолуцијата за Македонија во однос на прогрес-извештајот на Европската комисија од октомври во минатата година. Во амандманите се потнецира важноста на добрососедските односи со Бугарија, продолжување на политичкиот дијалог, загриженост за етничките тензии кои пораснале годинава, како и неспособноста да се реши спорот за името. Во амандманите се бара усвојување на препораките на ОБСЕ за изборниот законик, продолжување на спроведување на независно судство, борба против корупцијата.
Во нив се повикува и Ирското претседатлство со Европската унија да превземе интензивна дипломатија за да се оствари задоволувачки исход во однос на одлука на Советот за отворање на преговорите пред крајот на јуни.