ДИК-до 13 часот одѕив од 24,44 отсто

Втор круг гласање на Локални избори 2013.

ДИК соопшти дека одѕивот на гласањето во вториот круг од локалните избори до 13 часот е 24,44 отсто, а на гласање излегле 259.059 граѓани. Во Скопје одѕивот е 19,69 отсто, односно на гласање излегле 85.886 граѓани запишани во Избирачкиот список. Во вториот круг на локалните избори се гласа за градоначалник во 29 општини и Градот Скопје, а се прегласува во три изборни единици во Струмица и во една во Долнени. Одѕивот во овој круг во споредба со првиот круг од гласањето на локалните избори до 13 часот е помала. Пред две недели до 13 часот на гласање излегле 34,89 отсто од граѓаните во земјава, а во Скопје одѕивот изнесуваше 31,14 отсто.
Според портпаролката на ДИК Билјана Јовановска најголем одѕив во 13 часот има во Лозово 46,33, општина Дебрца, 46,06 отсто, Кочани 40,78, Богданци 40,30, Струмица 38,96, Берово 36,94, Струга 33,08, Битола 29,37, Велес 27,96, Куманово 25,27, Гостивар 21,80, Тетово 20,39. Најмал одѕив има во општината Сарај 4,34 отсто и во Шуто Оризари каде на гласање излегле 11,33 отсто.