Рачно изработена бомба експлодирала синоќа во филијала на Банката на Кипар во Лимасол. Бомбата била поставена од две непознати лица, кои влегле во филијалата на банката и го оставиле експлозивот. Експлозијата предизвикала пожар, кој бил изгаснат, а во инцидентот нема настрадани. Поради кризата во Кипар банкоматите на островот се „пресушени“ и воведено е ограничување за повлекување до сто евра на ден. Ова ограничувањето стапи во сила од вчера и важи за сите банки.