Црвенковски - Сите опции се отворени, вклучувајќи и неучество во вториот круг

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на предизборен митинг во Скопје.

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на прес конференција оцени дека овие избори биле сè, само не фер.

„Бевме сведоци на закани, на притисоци, на злоупотреба на државните институции, медиумска тортура. Додека не се расчистат сите нерегуларности за нас сите опции се отворени, вклучувајќи и неучество во вториот изборен круг“, изјави Црвенковски.

Тој порача дека продолжуваат со битката.

„Наша цел се предвремени парламентарни избори и победа на овој недемократски режим. Одиме до крај, до победа“, изјави Црвенковски.